Магазин 06. јули 2020. / 14:14

Вонредна прогноза: Утре силен ветер со брзина над 90 километри на час, локален дожд и грмежи

Вонредна прогноза: Утре силен ветер со брзина над 90 километри на час, локален дожд и грмежи

Утре претпладне ќе дува силен северен ветер кој на места ќе достигне брзина и над 90 километри на час.

Синоптичарите најавуваат дека ветерот ќе почне да дува во северните делови, а во текот на денот и во останатите делови, особено долж Повардарието, што ќе услови значително намалување на дневната температура.

Покрај ветерот, за утре се најавува и локален дожд и грмежи. Веќе од среда следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра.