Волво одлучи да повлече 54.124 автомобили наменети за американскиот пазар поради дефект на воздушните перничиња (airbag). Ова доаѓа откако едно лице умре заради експлозија на воздушното перниче, објави американското регулаторно тело за сообраќај, пренесува Ројтерс.
Возилата С80 и С60 од периодот помеѓу 2001 и 2003 година беа повлечени откако експлодираа метални делови под воздушното перниче и убија возач на Волво, додаде АП.
Волво се грижи за безбедноста на своите клиенти. Затоа ќе ги извести сопствениците на овие автомобили дека бесплатно може да го заменат сопствените воздушни перничиња.