Магазин 05. мај 2020. / 18:54

Во страшна сообраќајка загина познат хрватски ракометар и надежен фудбалер

Во страшна сообраќајка загина познат хрватски ракометар и надежен фудбалер

Ракометниот клуб ППД Загреб објави трагична вест затоа што соопшти дека еден од нивните ракометари и млади таленти загинал во сообраќајна несреќа, објавува Гол.мк

Се работи за Јосип Бепо Кадија, играч кој беше роден во 2000 година. Тој потекнуваше од ракометно семејство, сите членови му играа ракомет, а беше најблиску да стане успешен професионален спортист.

Вториот кој е починат е 16-годишниот Јосип Бркљачиќ, талентиран млад фудбалер кој играше за ХНК Приморац.

Трагедијата се случила синоќа околу 23 часот, кога автомобил со четири млади лица излетал од патот. Двајца страдаа смртно, меѓу нив Кадија, еден се бори за живот, а еден е преживеан.