Магазин 02. декември 2019. / 11:15

Во стомакот на мртов кит откриени 100 килограми отпад

Во стомакот на мртов кит откриени 100 килограми отпад

Во стомакот на мртов кит научници открија топка од 100 килограми отпад. Китот е пронајден на брегот на островот Харис во Шкотска, јавува Би-Би-Си. Експертите за китови се уште не утврдиле дали тоа било причината за смртта на цицачот.

Во стомакот на китот биле отклриени рибарски мрежи, јажиња, опаковки за храна, најлон кеси и пластични чаши.

Аутопсијата на мртвото животно ја извршило шкотско друштво, кое се занимава со истраги на причините за смртта на морски животни. На својата ФБ страница научниците напишале дека китот не бил во лоша здравствена состојба.

-Не можевме да откриеме докази дека отпадот е причина за смртта на китот, наспроти тоа што пластичната маса што ја најдовме во стомакот беше застрашувачка. Сигурно таа пречела во варењето на храната, појаснуваат од друштвото.

Локалните жители ја опишуваат глетката како тажна, зашто претставува типичен пример за влијанието на човекот врзивотната средина и животот по морињата и океаните. Остатоците од китот се погребани во огромна дупка на плажата со помош на шкотската крајбрежна стража.