Горела нискостеблеста шума во скопското село Ајватовци. Според информациите на полицијата, вчера во 16.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во село Ајватовци, скопско, на место викано „Колибиште“, горела нискостеблеста шума. Околу 22.00 часот пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Во скопско Ајватовци изгоре нискостеблеста шума
