Британската метеоролошка служба регистрираше минус 23 степени Целзиусови во Северна Шкотска – во селото Бремар што се наоѓа во планинскиот дел. Тоа е најниска температура на островот од 1995 година.
Исто така е најниска температура во Велика Британија во февруари од 1955 година.
Живата на термометрите не паднала толку ниско дури и за време на таканаречената Зима на векот во Велика Британија (1962/1963), соопштија од Националната метеоролошка служба.
Студениот атмосферски бран од Русија и Скандинавскиот полуостров покри делови од островот со снег, блокирајќи патишта. Замрзнаа фонтаните на лондонскиот плоштад Трафалгар. Снегот предизвика многу проблеми во Велика Британија, јавија локалните медиуми.