Магазин 24. август 2020. / 12:55

Во овие десет земји нема ниту еден заболен од корона

Во овие десет земји нема ниту еден заболен од корона

Пандемијата на вирусот корона го зафати целиот свет, освен 10 држави каде нема вирус, но нивната економија е сериозно погодена, пренесува Би Би Си.

Земји без евидентирани случаи на ХОВИД-19 се Палау, Микронезија, Маршалските Острови, Науру, Кирибати, Соломонските острови, Тувалу, Самоа, Вануату и Тонга.

Но, пандемијата сепак тешко ги погоди економиите на овие земји.

БиБиСи наведува дека во 2019 година Палау го посетиле околу 90.000 туристи, што е за пет пати поголемо од вкупното население.

Во 2017 година, според податоците на ММФ, туризмот учествуваше со 40 проценти од БДП на земјата.

Поради пандемијата на корона  вирусот, границите на Палау се затворени од крајот на март, така што, иако никој не е заразен, вирусот ја уништи земјата.