Изутринава трагачите екипи јавија дека ги пронашле остатоците на урнатиот авион со кој патуваше фудбалерот Емилијано Сала. Меѓу деловите на авионот пронашле и едно човечко тело, за што сè уште нема официјални информации дали телото е на 28 годишниот фудбалер или на 59 годишниот пилот на авионот, Дејв Ибетсон.
Леталото „Пајпер Малибу“, исчезна од радарот на 21 јануари во водите меѓу Англија и Франција. Во него покрај Аргентинецот Сала беше само уште пилотот Дејвид Ибетсон, кој го управуваше авионот на патот од Нант кон Велс. Инаку, Емилијано Сала, кој настапуваше за Нант доби богат договор од Кардиф Сити и беше пред трансферот на својата кариера.