Магазин 21. јануари 2020. / 20:26

Во Охридското езеро се вратија исчезнатите црни лебеди

Во Охридското езеро се вратија исчезнатите црни лебеди

Ден после Водици се случи чудо. Во Охридското езеро се врати Лилит, еден од двата црни лебеди кои пред повеќе од три години беа донесени и пуштени во езерото, а потоа исчезнаа, пишува Охрид 24.

За ова на Фејсбук информираше еден од иницијаторите за нивното носење Зоран Тунтев. Инаку црниот лебед го имало во Охридското езеро и во седумдесеттите години на минатиот век, но поради човечка негрижа исчезнала.