Мароканските служби открија и запленија речиси 9,2 тони масло од канабис закопано во песок во регионот Гелмим, соопштија властите.
Отворена е истрага за утврдување на сите факти за шверцерската мрежа.
Мароко е меѓу најголемите прооизводители на канабис во светот, а билката најмногу се одгледува во северниот планински регион Риф.
Годишното производство се проценува на повеќе од 700 тони чија вредност изнесува околу 19 милјарди евра, според истражувања од 2020 година.
Мароканските власти тврдат дека спроведуваат „интензивни и без прекин“ акции во борбата против криумчари на дрога, а според официјални податоци минатата година запленети се 217 тони масло од канабид и уапсени се речиси 98 000 луѓе.