Магазин 26. март 2019. / 10:56

Во Кинотека бесплатен филм за секој кој ќе дојде со велосипед

Во Кинотека бесплатен филм за секој кој ќе дојде со велосипед

Кинотеката на Македонија почнува акција за подигнување на еколошката свест, па затоа од 1 април, понеделник, секој љубител на филмот кој ќе дојде на проeкција со велосипед ќе добие бесплатна влезница за кино проекциите за тој ден.

Акцијата трае до крајот на месец април, а потоа велосипедистите ќе плаќаат 50 проценти од влезницата.