Магазин 22. март 2020. / 20:01

Во Италија продажбата на тестенини зголемена за 65 отсто, еве што друго се троши

Во Италија продажбата на тестенини зголемена за 65 отсто, еве што друго се троши

Продажбата на популарно наречената „паста“ во Италија значително се зголеми, а експертите проценуваат дека многу Италијанци ќе се здебелат помеѓу 2 и 4 килограми додека престојуваат во домашен карантин.

Повеќе од 60 милиони луѓе во Италија се принудени да се префрлат на домашни оброци речиси преку ноќ, заради строгите мерки за карантин. Дури и оние 10,4 проценти кои, според статистиката пред пандемијата, вечерале надвор од својот дом, пренесува италијанскиот весник „Република“.

Продажбата на тестенини се зголемила за 65,3 проценти помеѓу 9 и 15 март, покажало истражувањето на Нилсен.

Нилсен известува дека продажбата на млеко и производи преработени со ултра-висока температура е зголемена за 62,2 проценти, конзервираната туна за 56 проценти, ракавици за домаќинство со рекордни 362,5 проценти, детергенти за 49,7 проценти и алкохол за 169,2 проценти.

Во најтешко погодената земја од корона вирусот, Италија воведе строги мерки за карантин низ целата земја, првично ќе важат до 3 април, но и ќе бидат продолжени, барем според најавите на официјални лица.