Научниците соопштија дека тим на археолози во Египет откриле две исклучително ретки скулптури, на најпрочуениот фараон и минијатурна свинга.
Египетското министерство за антиквитети ја покажа скулптурата на Рамзес Втори изработена од розевкаст гранит и ја опиша како една од најретките скулптури во овој формат изработена од скапоцен материјал.
Мустафа Вазири, генерален секретар на Министерството за антиквитети рече дека статуата која е висока речиси еден метар изработена е во стил кој се користел некоја личност да се портретира до препознатливост и додаде дека ова е прва статуа од овој вид изработена од гранит.
Хиероглифски запис на задниот дел од статуата означува „силен бик“ и тоа симболично се однесува на господарот кој бил „силен и витален како бик“.