Магазин 27. октомври 2019. / 13:28

Во Битола завршува Неделата на ирански филм, од 5 ноември Недела на јапонски филм

Во Битола завршува Неделата на ирански филм, од 5 ноември Недела на јапонски филм

Со проекција на играниот филм „Каде е куќата на мојот пријател?“ на режисерот исценарист Абас Кијаростами, вечерва во Битола завршува Неделата на ирански филм.

Синоќа во кино-салата на Центарот за култура беше прикажан „Базен за цртање“ на режисерот Мазнар Мири снимен во 2013 година, а во изминатите седум денови публиката имаше можност да види и други проекции на филмаџии од Иран.

Центарот за култура информира дека од 5 ноември прв пат ќе се организира Недела на јапонски филм, а прикажани ќе бидат „Гласот на учителот“, „Ошин“, „Рудолф црниот мачор“ и „Самурај мачка“.