Магазин 27. септември 2020. / 14:14

Во Битола се одржа манифестацијата „Трчај, бе“

Во Битола се одржа манифестацијата „Трчај, бе“
фото-bitolanews.mk

Спортисти и рекреативци од Битола и државата учествуваа на традиционалната манифестација „Трчај, бе“ која годинава се одржа на две патеки долги 5 и 10 километри.

Стартот на трката го најави Александра Војневска Зикова, претседателка на Атлетска федерација на Македонија, а директорот на трката Никола Димитровски потврди дека годинава учествуваа над 500 спортисти претставници на т.н. крем на македонската атлетика, но и рекреативци кои внесоа прекрасна енергија на „Трчај, бе“.

 Трката почна во 9 часот, стартот беше на плоштадот „Магнолија“, а потоа учесниците трчаа по булеварот „1.Мај“, улиците „Никола Тесла“, „Македонска фаланга“, „Широк Сокак“ и се до целта, повторно на плоштадот „Магнолија“. Најдобра на патеката од 10 километри беше Андријана Поп Арсова, а на 5 километри најбрзо истрча Бојана Наумовска. Во машка конкуренција најуспешен на 10 километри беше Влатко Гроздановски, додека на патеката од 5 километри, првото место го освои Блаже Чоневски. Но, според нашите информации, за секој учесник не беше најважен пласманот, туку учеството и дружењето во Битола, посочи Димитровски.

Спортско-рекреативната манифестација „Трчај, бе“ е востановена со цел граѓаните да се откажат од постојано седење пред ТВ или компјутер, возење во автомобил или автобус, односно како што рекоа, повеќе да се движат и да трчаат во рекреативните зони на градот без разлика на возраста