Хрватскиот младински театар, познат сатиричен театар од Славонски Брод, вечер ќе гостува во Битола.
Пред публиката во овој град, во културниот центар Магаза, младите хрватски актери ќе ја одиграат претставата „Декамерон“.
Во претставата ќе настапат актерите Морено Мијатовиќ, Зринослав Гусак и Силвио Стилиновиќ, кој е одговорен и за адаптацијата и режијата на претставата, потоа Аленка Владисављевиќ и Тена Јанковиќ. Сценографијата е на Саша Кариќ и Зринослав Гусак, костимографија ја подготви Тајана Балаш Таја, а мејкап-Славица Павичиќ.
Во прашањата кои актерите ги поставуваат на сцена, помогна и драматизацијата на драматургот Сања Илиќ, најавија организаторите на културниот настан, Македонско хрватско друштво „Марко Марулиќ“ од Битола.
Сатиричниот младински театар од Славонски Брод е формиран во 2006 година, добитници се на многубројни награди во Хрватска, но и на фестивали надвор од таа држава.