Магазин 25. февруари 2020. / 10:57

Во Белград претставена изложбата „100 години Требениште“

Во Белград претставена изложбата „100 години Требениште“

Изложбата „100 години Требениште“ од 20 до 23 февруари беше претставена на 42 Меѓународен саем за туризам во Белград каде привлече големо внимание на посетителите.

Оваа изложба се реализираше благодарение на соработката меѓу музеите од Скопје, Охрид, Белград и Софија, кои еден век од откривањето на локалитетот Требениште, кај Охрид, одлучија сите ексклузивни и исклучително вредни артефакти од ова наоѓалиште да ги претстават на едно место во Археолошкиот музеј во Скопје.

Темата на овогодишниот саем беше културното наследство како туристичка понуда, а Народниот музеј во Белград, ја промовираше изложбата „100 години Требениште“ како најава за нејзиното отворање оваа година во Белград.