Магазин 06. јули 2020. / 13:02

Во август и септември концерти во Охрид, Битола и Скопје

Во август и септември концерти во Охрид, Битола и Скопје

Во договор со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, изготвивме протоколи под кои концертите се враќаат во Македонија, информираат од Авалон продукција.

Тие протоколи овозможуваат од една страна безбедно следење на концерти и културни настани, а од друга страна сепак и достоинствено да можат да се проследат истите. Ќе работиме во салите со 50 % од капацитетите, а публиката ќе носи заштитни маски. Во тој контекст, Авалон Продукција подготви неверојатно квалитетна културна и возбудлива програма за месец август и првите две недели од септември, со неколку проекти коишто ќе се случат во Охрид, во Битола и во Скопје. Оваа програма е подготвена и со тенденција годинава да останеме во Македонија, и сите да дадеме свој придонес туристичката сезона барем во нејзиниот последен летен квартал да не доживее катастрофа, велат од продукцијата.