Изминатите денови се појави вирус на социјалите мрежи „Вибер“ и „ВацАп“ , според информациите од соседна Србија таму се инфектирани многу корисници преку популарната социјална мрежа „Вибер“ и „ВацАп“ – вирусот за Адидас маички во полн ек почнува да се шири и во нашиот регион.
Вирусот се шири во форма на реклама за бесплатни патики и маици за да ја прослават 95-годишнината, така што вирусот патува од телефон во телефон, нешто слично на – некој инфициран корисник ве додава во ВацАп и Вибер групата и ви доаѓа порака од Адидас дека споделува патики и маици бесплатно, но за да го добиете тоа мора да кликнете на врската во таа порака и да ги пополните полињата со ваши податоци.
За да го одбегнете несаканиот вирус (кој за сега немаме информација што предизвикува) едноставно воопшто не ја кликајте пораката, избришете го прозорчето и излезете од групата.