Магазин 09. јуни 2019. / 17:35

Внимавајте: Наредна недела пеколни температури

Внимавајте: Наредна недела пеколни температури

Времето денеска беше сончево и топло. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

УХМР најавува дека под влијание на топла воздушна маса од југ и натаму продолжува периодот на топло време, а особено топло се очекува од средината на наредната седмица.

Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд со грмежи и услови за изолирана појава на град.