Oд среда следува период на многу топло време.
Утре и четврток попладне ќе има услови зa изолирана појава на пороен дожд со грмежи. Во среда максималната температура ќе се движи од 29 до 37, четврток од 31 до 39 степени, петок од 32 до 40 степени, сабота од 30 до 39 и во недела од 29 до 38 степени.
Граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури со оглед на најавите дека Македонија ќе биде зафатена од жолта (алертна) фаза, апелира Министерството за здравство.
Носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, престој во затворени, климатизирани простории или почести одмори под сенка доколку се излегува надвор, внесување помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку маснотии, пиење повеќе течности, најдобро обична вода, и избегнување алкохолни пијалаци,…, се само некои од препораките на лекарите кои посебно нагласуваат дека хронично болните лица треба редовно да ја земаат препишаната терапија.