Магазин 28. јули 2020. / 13:58

Висар Вишка: Да ви откријам неколку намерно изнесени лаги и небулози на директорот на Агенцијата за филм

Висар Вишка: Да ви откријам неколку намерно изнесени лаги и небулози на директорот на Агенцијата за филм

Актерот Висар Вишка на социјалните мрежи реагираше на одлуката на Агенцијата за филм за поддршка на филмови.

Да ви откријам неколку намерно изнесени лаги и небулози на директорот на Агенцијата за филм во вчерашната прес конференција:

1.

Vis Production има неколку филма. На конкурс се бара да си направил еден долгометражен или два кратки филма, вчера ви постирав доказ дека на документација сум навел и долгометражен и два кратки филма. Лично како продуцент сум направил многу повеќе проекти, но тие не се рачунаат по овие правила. Двата наведени кратки филма се целосно финансирани од наш џеб! што доаѓаме на втора точка а тоа е

2. Спомна дека сме се полакомиле за пари па затоа сакаме сите да работиме филм! Тоа е негов начин на рамислување и работење. Мојот долгометражен филм

DODA – The Life and Adventures of Franz Baron Nopcsa

кошта три пати повеќе од добиените средства! Тоа одма се приметува во еден филм колку пари се потрошени. а сеуште ги чувам сметките и извештаите како доказ. Од сопствени средства трошев се со цел да направам што подобар филм. И еден куп кратки филмови комплетно од наши џебови!

За мене парите се средства а не цел!
3. Спомна дека многу пари ќе требало за да се преведат сценаријата на англиски за да се дадат на странски читачи?!
Како прво, сите сценарија ни се преведени на англиски. Затоа што сите продуценти бркаат финансиери и копродуценти по други држави. СИТЕ продуценти ги имаат сценаријата и на англиски а некогаш и на други јазици уште пред да конкурираат во Македонија!
А одамна се залагам за странски читачи, и тоа сам како продуцент го правам за моите дела затоа што огромен дел од македонските филмови не поминуваат ни табановце. Се фрлаат милиони евра за филмови кои надвор не ги разбираат. Тоа е затоа што не се бара мислење од странци. Јас кога ќе напишам сценарио за Гоце Делчев рецимо, прво што ќе направам е ќе платам странски косценарист за да ми помогне да биде приказната разбирлива и за Германци и Енглези и цел свет. Поради тоа правиме филмови кои се само за нас разбирливи!
4. За распределба на пари по национална основа нема сега да навлезам. Неговите аргументи се неточни и знаеме точно кој и како добива филм, кога добиваат. И од тие малку пари што се делат на албански режисери, има филмови кои не сме ги гледале. Не постојат! Само на папир! За тоа, во блиска иднина ќе зборам.
5. Не се парите на татко ти или дедо ти да се криеш позади комисии, кои не ги откриваш поради влијаниа! А се жалиш дека има притисоци.
Ова се државни пари и треба најтранспарентно да знаеме кој тоа одлучува. И во министерство за култура делиме милиони. Но не ги криеме комисиите. Сам сум бил член на комисија, и воведовме правило да потпишеме изјави дека ниту ние сме дел од некој проект кој конкурира ниту наши роднини! Кога си со чист образ и чист нијет, никакви притисоци не можат да влијаат на мене туку гордо ќе стојам позади своите одлуки! А сега ќе ги отвориме сите документи и ќе видиме во колку проекти се директни учесници членови на „твоите“ комисии!
Чекам писмено решение дека сум одбиен поради „неисполнување“ на услови поради што одма сте го отфрлиле проектот, па да се видиме на суд!

Да ви ги откријам неколку намерно изнесени лаги и небулози на директорот на Агенцијата за филм во вчерашната прес…

Posted by Visar Vishka on Saturday, July 25, 2020