Британската модна дизајнерка, Викторија Бекам, позајмила седум милиони долари за да се извлече од сеизони финансиски проблеми.
Сопругата на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам има големи долгови, а како што пишува британскиот таблоид „Сан“, таа од непознат маж позајмила голема сума пари.
Весникот пишува дека нејзиното модно царство, кое го основа пред 12 години, не работи како порано и Викторија лани доживеала огромна загуба, поради што морала да отпушти голем број луѓе.
Како што пишува британскиот таблоид, повикувајќи се на извори блиски на семејството Бекам, дизајнерката склучила таен договор со засега непознат маж, кој наводно ќе ѝ позајми пари, додека Викторија и понатаму ќе ја води компанијата и ќе остане мнозински сопственик. На оваа радикална мерка била принудена после многу насобрани долгови.