Магазин 21. април 2020. / 12:46

(ВИДЕО) Жестока тепачка меѓу полицијата и навивачите на ПАОК поради коронавирусот

(ВИДЕО) Жестока тепачка меѓу полицијата и навивачите на ПАОК поради коронавирусот

Синоќа, во Солун, дојде до жестока тепачка помеѓу грчката полиција и највоинствените навивачи на ПАОК и тоа пред стадионот на овој клуб.

Навивачите на ПАОК се собрале пред својата трибина во чест на 94. роденден на ПАОК, но проблемот бил што тоа го сториле за време на полициски час во ек на пандемијата со коронавирусот. Полицајците се обиделе да ги разбркаат со оглед што не само што не смееле да бидат излезени, туку и не одржувале дистанца од два метри помеѓу себе, по што дошло до меѓусебна пресметка.

Навивачите на ПАОК користеле факели и топовски удари во пресметката со полицијата.