Магазин 06. септември 2020. / 10:30

(ВИДЕО) Законите важат за сите, па и за Кристијано Роналдо

(ВИДЕО) Законите важат за сите, па и за Кристијано Роналдо

Вчера вечер  Португалија лесно го совлада светскиот вицешампион Хрватска со 4: 1, но беше интересно и надвор од теренот.

Најдобриот играч на Португалија, Кристијано Роналдо не можеше да игра бидејќи го касна пчела, па натпреварот го следеше од трибините.

Тој беше меѓу соиграчите, но не носеше заштитна маска, па му пријде жената од протоколот и рече дека мора да ја стави.

Кристијано изгледаше збунето, но тој се покори без протест и стави маска на лицето.