Видеото за песната „Налеј налеј“ од ТВ серијата „Македонија“, до утринава во девет часот имаше речиси 970.000 прегледи, со што ја зацврсти својата позиција како најгледаното видо на сите времиња во Македонија за само 36 часа прикажување!
Резултатите од мерењето на аналитичката платформа за алатки Медиуми објавени денес во 9 часот, покажуваат дека „Налеј налеј“ досега е видено од вкупно 969.497 прегледи! Тоа значи дека денеска видеото за „Налеј налеј“ со сигурност ќе го надмине бројот на еден милион прегледи, според официјалните податоци!
Воодушевени, еуфорични, емотивни коментари и огромен дополнителен, неодреден број на акции на социјалните мрежи го претворија „Налеј налеј“ во вистински македонски социјален феномен без преседан! Социјалните мрежи во вистинска смисла на зборот горат! Нешто вакво никогаш не се случило во македонските медиуми и културниот простор!
Овие бројки не вклучуваат емитувања на телевизија!
Официјалните податоци за диверзификација на овој хит, исто така покажуваат силен раст на интересот во областа на француското говорно подрачје, така што во наредните денови можеме да очекуваме огромен рејтинг на „Налеј налеј“ и надвор од Македонија! Истото важи за сите земји каде што живее значајна македонска дијаспора!
Од сето погоре, можеме да заклучиме само дека видеото од македонската историја има напишано ново поглавје во историјата на македонските медиуми.