Италијанскиот тенор Андреа Бочели пееше во празната катедрала Дуомо во Милани во обид со неговиот глас да пробуди надеж за целото човештво.
Според Бочели, неговиот настап кој беше пренесуван во живо на Јутјуб, не е концерт туку прилика за заедничка молитва за Милано и за целиот свет.
Соочени со болната и тажна ситуација да испратиме порака на љубов и исцелување на големиот празник. Луѓето ќе бидат поврзани преку интернет, обединети со суптилна нишка на верба која е посилна од било која привидна оддалеченост. Чест ми е да ја прифатам поканата на Градот и Миланската катедрала. Верувам во моќта на заедничкото молење, верувам во христијанскиот Велигден, универзален симбол на повторно раѓање, кој на секого, независно дали е верник или не, сега му е потребен – порача Бочели пред концертот.