Статуата на Христос Спасителот на планината Корковадо во Рио де Жанеиро на Велигден беше „облечена“ во лекарски мантил во знак на солидарност со здравствените работници, кои се борат со корона вирусот соопшти телевизијата „Глобо“.
Специфичниот изглед статуата го доби благодарение на специфичното осветлување. Зборот „Благодарам“ на паметникот се појави на неколку јазици – португалски, шпански, англиски, германски, италијански, кинески, француски, арапски и руски.
Освен тоа, статуата беше осветлена и во боите на националните знамиња на државите, кои се најпогодени од пандемијата со корона вирусот-САД, Шпанија, Италија и Кина, како и на Бразил.
-Тоа е порака за надеж во еден тежок период на глобална пандемија, изјави кардиналот Орани Жуан Темпеста.