Магазин 18. февруари 2021. / 12:52

(ВИДЕО) Вандализираат гробови и се снимаат на Тик-Ток

(ВИДЕО) Вандализираат гробови и се снимаат на Тик-Ток

На социјалната мрежа Тик-Ток, која во последно време поттикна лавина бурни реакции поради разни видеа објавени од корисници од Македонија, овојпат беше објавено и видео на кое може да се види како две лица вандализираат надгробни плочи и крстови на гробиштата.

Едниот од учесниците во овој акт, во видеото вели дека бара ова видео да стигне до бројката од 500 лајкови.

Ова не е прв случај вакви видеа да кружат на оваа социјална мрежа, а се очекува реакција од надлежните министерства дали овие постапки ќе бидат санкционирани.