Магазин 27. јули 2020. / 14:17

(ВИДЕО) Уметник свири на пијано додека виси од кран на 40 метри над земја

(ВИДЕО) Уметник свири на пијано додека виси од кран на 40 метри над земја

Швајцарскиот пијанист Алан Рош го одржа својот прв настап откако беше укинат карантинот поради коронавирусотна необичен начин, висејќи од кран на 40 метри над земјата.

На необичниот концерт на зграда во францускиот град Нант присуствуваа повеќе од 100 љубители на музика, на кои им беа дистрибуирани слушалки така што квалитетот на звукот ќе биде што е можно подобар, пренесува RT.

Публиката беше импресионирана од настапот на Швајцарецот, а еден од присутните рече дека имал „необично и магично искуство“.