Магазин 16. јануари 2021. / 23:23

(ВИДЕО) Тони Стојановски со емотивен говор: Политичари мои, учете од овие момци!

(ВИДЕО) Тони Стојановски со емотивен говор: Политичари мои, учете од овие момци!

Македонската одбојкарска репрезентација со денешната победа над Турција од 3:1 во сетови обезбеди нов пласман на Европско првенство кое ќе се одржи оваа година.

Популарните „Спартанци“ забележаа две победи против Босна и Херцеговина со 3:0 и 3:1, а ни беше потребен и триумф против Турција за сигурен пласман на нов континентален шампионат, вкупно втор во нашата одбојкарска историја.

По овој огромен успех и пласман на ЕП, свое шоу повторно имаше коментаторот на Македонската телевизија, Тони Стојановски, кој одржа нов говор за паметење по оној во Тбилиси кога Македонија се пласираше на фудбалското ЕП.