Хрватскиот пејач Тони Цетински (51), како и многу колеги, веќе со месеци не настапува поради кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот, поради што, како што најави, одлучил да ја смени професијата, барем накратко.
И утре сè да престане, и сè да се отвори, сега малку луѓе можат да си дозволат да купат билет за концерт… Значи, тоа е невозможна мисија, па одлучив да се свртам кон помалите чекори и да ги советувам сите што се навикнати да заработуваат можеби малку повеќе пари, да „искулираат“ и да сфатат дека уште многу долго време нема да заработуваат начинот на кој можеби порано заработувале. Јас еве си посадив градина, да пробам како тоа оди, одличен домат, одлична салата, за среќа – вели Цетински во видеото што го објави на својот фејсбук-профил.
Тој кажува дека е свесен за ситуацијата и дека уште долго време нема да може да настапува, па ги советувал колегите да го следат неговиот пример и да се свртат кон некои нови професии од кои ќе можат да заработат пари во наредниот период.
Тони додава и дека се враќа на своите почетоци и повторно пушта музика како диџеј во градината на еден хотел во Опатија. Неговиот музички список исклучиво ќе вклучува хитови од осумдесеттите и деведесеттите години. На крајот, тој открил дека не се откажува од својата пејачка кариера и дека секогаш ќе биде на располагање со својот бенд за некои приватни веселби и забави за кои го ангажираат.
Не се откажувам од мојата кариера во пеењето, мојот бенд и јас секогаш сме отворени за приватни забави. За публиката, можете да очекувате само бесплатни концерти и работи кои директно не го погодуваат џебот… Значи, одиме со мали чекори, без срам и страв – порачува Цетински.