Голема снежна бура го погоди источниот брег на САД, поради што летовите се прекинати, центрите за вакцинација затворени, а животот во градот Њујорк е во застој.
Метеоролозите наведуваат дека за многу краток временски период во делови на Њу Џерси и Пенсилванија, снежната покривка достигнала висина од 48, а во Њујорк 43 сантиметри.
Властите ги загрижуваат предупредувањата дека во следните денови се очекува и ветер со брзина од 80 километри на час. Снег падна на западниот брег на САД минатата недела, а во некои делови на Калифорнија, висината на наносите е два метра.
Во продолжение, во видео се гледа човек кој со скии се движи низ улиците во непосредна близина на Менхетн.