Интернет заедницата е убедена дека „Симсонови“ пред околу 30 години го предвиделе ширењето на корона вирусот.
Станува збор за епизода емитувана 1993 година, во кој главна „ѕвезда“ е вирус кој доаѓа од Азија.
Во фабрика за бела техника, еден од работниците му кажува на својот колега, „те молам немој да му кажеш на газдата дека сум болен“, а потоа искашлува вирус во кутијата во која го пакува соковникот.
Соковникот, секако, го нарачуваат жителите на Спрингфилд, меѓу нив и Хомер Симсон, Пети и Селма, директорот Скинер…
За вистина, епизодата емитувана 1993 година како извор на вирусот ја наведува Јапонија, а не Кина, но тоа не ги спречи фановите корона вирусот да го додадат на списокот на ситуации кои „Симпсонови“ ги предвиделе.
Погледнете и сами…