Магазин 09. февруари 2020. / 09:00

(ВИДЕО) Швеѓанецот Арманд Дуплантис стана нов светски рекордер во скок со стап

(ВИДЕО) Швеѓанецот Арманд Дуплантис стана нов светски рекордер во скок со стап

Европскиот шампион Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап на Светското првенство во сала.

Швеѓанецот прескокна 6,17 метри на првенството во Торун, Полска и го сруши рекордот на Французинот Рено Лавиление од 6,16 метри поставен во февруари 2014 година.

Ова е нешто што го сакав уште кога имав три години. Ова ќе биде голема година, но одлично ја почнав – изјави 20-годишниот атлетичар.