Поголем број од навивачите кои тргнаа кон скопскиот аеродром за да ги пречекаат ракометарите на Вардар се веќе пристигнати.
На влезот на Меѓународниот аеродром Скопје се слави и се пее.
Сепак, фановите ќе ги почекаат шапмионите малку повеќе. Последната информација е дека наместо во 18 и 50 часот, ракометарите ќе слетаат од Келн во 20 и 30 часот.
Престојот на аеродромот Келн-Бон патниците го искористија за фотографирање со новокрунисаниот европски шампион во ракомет
На аеродромот се пристигнати и брендираните двокатни автобуси во кои ракометарите ќе патуваат до скопскиот плоштад каде ќе има организиран дочек.