Кристијано Роналдо дваесетта година по ред даде гол во професионалниот фудбал и како играч на Јувентус, на дуелот против Удинезе, дојде до импресивен податок.
Португалскиот ас го отвори резултатот на дуелот со „зебрите“ и дојде до личен рекорд, затоа што дава голови во професионалниот фудбал од 2002 до 2021 година.
Роналдо исто така дојде до бројката од 757 гола на 1035 официјални средби и се изедначи со Пеле, кој има 757 гола на 815 натпревари во сите конкуренции. Со уште еден гол, Португалецот ќе стане најдобар стрелец во историјата на професионалниот фудбал.
Роналдо оваа сезона има 13 гола во Серија А, кои го прават најдобар стрелец во досегашниот дел од сезоната.