Магазин 27. август 2020. / 16:45

(ВИДЕО) Репортер беше одуван од ураган додека известуваше во живо

(ВИДЕО) Репортер беше одуван од ураган додека известуваше во живо

Репортерот на Ен-Би-Си Њуз Џеј Греј се јави во живо во утринската програма известувајќи за ураганот Лауира кој ги погоди САД, а снимката преплаши голем број од гледачите.

Тој известуваше од Лејк Чарлс во Луизијана, а во еден момент ветрот го однесе.

Ова е мало затишје, но чувствувам дека повторно доаѓа. Можете да почувствувате како се засилува, вели Џеј.

Водителите во студио беа во неверување, па ја скратија програмата и од него побараа да се врати на безбедно.