Магазин 21. јули 2020. / 10:33

(ВИДЕО) Пред точно 51 година Нил Армстронг го направи најголемиот скок за човештвото

(ВИДЕО) Пред точно 51 година Нил Армстронг го направи најголемиот скок за човештвото

На 21 јули 1969 година американскиот вселенски брод „Аполо 11“ се спушти на Месечината, при што космонаутот Нил Армстронг стана првиот човек кој стапнал на површината на Месечината.

Триесеттина секунди овој историски подвиг го направи и Едвин Олдрин.

Овој потфат, Армстронг и Олдрин го изведоа со помош на лунарното возило „Орел“, додека нивниот колега, космонаутот Мајкл Колинс за тоа време кружел околу орбитата на Месечината со матичниот брод „Аполо 11“.

Спуштањето на Месечината е овековечено со историската реченица на Нил Армстронг: „Ова е мал чекор на човек, но голем скок на човештвото“.