Магазин 11. март 2019. / 11:18

(ВИДЕО) Правела селфи со jагуар и завршила во болница

(ВИДЕО) Правела селфи со jагуар и завршила во болница

Жена е повредена во напад од јагуар, во зоолошка во САД. Откако таа прескокнува една од оградите на неговиот кафез. За да направи селфи.

Инцидентот се случува во зоолошка во Феникс кога жената решава да ја прескокне првата заштитна ограда од живеалиштето на јагуарот.

На ова јагуарот преку втората ограда пушта шепа и и’ зарива канџа во раката на жената.

Нема начин како да ги откажеш луѓето од прескокнување на бариерите, изјавил директорот на зоолошката.

 Директорот на зоолошката објаснува дека инцидентот не е грешка на јагуарот, па животното нема да биде еутаназирано.