Магазин 14. февруари 2021. / 22:16

(ВИДЕО) Полицијата прекина „корона забава“ со над 400 луѓе во Белград

(ВИДЕО) Полицијата прекина „корона забава“ со над 400 луѓе во Белград

Вечерва околу 400 луѓе присуствувале на забава со жива музика, којашто се случувала во една белградска кафеана.

Помошник-началникот на комуналната милиција, Ранко Шекуларац изјави дека затекнатите гости, одговорни за прекршување на заштитните мерки против ширењето на коронавирусот, биле санкционирани.

– Со асистенција на бригадата и на интервентната единица на полицијата, го испразнивме локалот и правното лице го казнивме со 300.000 динари, а одговорното лице со 50.000 динари, изјави Шекуларац.

Пејачот кој настапил во кафеаната, Слободан Радановиќ, е приведен и одведен на сослушување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad)