И нашата фудбалска икона Горан Пандев е во друштво на Тоти, Гатузо, Пирло и останатите мега – ѕвезди во фудбалска Италија.
Фудбалерот беше „жртва“ на скриена камера на една позната ТВ куќа во Италија.
Во целата „приказна“, а се однесува за наводен трансфер во Индија, „главни“ се клупскиот колега и добар пријател на Горан, Доменико Кришито и менаџерот на Македонецот во Џенова, Леонардо Корси. Тука се и останатите фудбалери на Џенова, и тоа Бираски, Стурари и Перин. Тие му велат дека имало можност за негов трансфер во Болоња. На ова Пандев се чуди и коментира дека ако треба ќе му се јави и на Михајловиќ. Следува коментарот на Кришито дека Пандев е пред транфер во Индија.
“Каде? Индија?Добра е Индија!“, одговара малку збунето Пандев.
Атмосферата веќе наголемо се загрева, а врв на приказната е разговорот меѓу менаџерот Корси и Пандев.
Корси му вели дека претседателот на Џенова, Прециози има намера да го продаде во Индија, во еден од најголемите клубови во таа земја.
На ова Горан уште повеќе се чуди, почна да го фаќа мала нервоза, само прашува колку пари ќе дадат Индијците.
Корси му одговара дека сумата е супер, 72 милиони евра за три сезони плус бонуси, а Пандев на своите соиграчи им коментира: – “Ма, каква Индија. Ако не се убијам таму…Што ќе кажат моите дома“.
И на крај како зовривање на атмосферата, се вклучуваат и „фанови“ на Џенова, кои го нарекуваат Пандев – предавник. Носат и транспаренти, па тој мора да им објаснува дека нема врска, дека тој останува во Џенова.
Дури потоа на ЕЛ ГРАНДЕ му кажуваат дека се ова е скриена камера, по што тој слатко си се насмевнува.
View this post on Instagram