Една од најпопуларните музички групи, ДНК и за време на пандемијата се труди да остане интересна и привлечна за своите фанови, па така денес објави видео со порака:
Дефинитивно најдобриот дует на политичката сцена кој веќе ни ја зема работата на нас артистите. Од строго доверливи извори дознав дека имаат закажано преку 37 настапи за престојната летна сезона во сите поголеми клубови и плоштади низ Македонија, а големо побарување имало и од соседна Грција и Бугарија. За нив дефинитивно ќе биде плодно лето и со оглед на нивната актуелност сите ние останати Македонски уметници слободно може да си бараме нов занает. Јас вака јавно да замолам некои добри луѓе да ми понудат било каква работа за да можам некако да егзистирам.Благодарам однапред.