Новинар од хрватска телевизија, во саботата на Твитер објави видео кое стана вистински хит во регионот.
Инаку репортерот на загребачкиот Цветен плоштад ги прашувал минувачките за сезонскиот грип. Еден дедо објасни убаво зошто се појавува грипот и стана омилен на Интернет.
-Не постои грип, злато мое. Имам 82 години, никогаш не сум бил болен, ниту кај доктор. Тоа запамтете го. Срамот, пензионерите го уништија здравството. Ме боли раката, ме боли ногата, се ги боли… Вежбајте, п**** м*****! – рекол господин Тони.