Најголемиот дел од светските метрополи годинава ги забранија прославите за дочекот на Нова година и на отворено, но тоа не ги спречи властите во многу градови да ги организираат традиционалните огномети.
Како и секогаш, најубав беше огнометот во најголемиот град Сиднеј. Сепак, овој пат луѓето можеа да гледаат огномет од своите домови, бидејќи не беше дозволено собирање.
Во Дубаи традиционално со огномет на Бурџ Калифа е дочекана Новата 2021 година.
И покрај ограничувањата, главниот град на Египет подготви огномет за паметење.
Москва влезе во новата 2021 година со големи огномети на 11 локации, а главниот настан се одржа на мостот Бољшој Москворецки.
Во Париз 100.000 полицајци го спроведуваа полицискиот час за Нова Година, но тоа не спречи градот на светлината за новогодишната ноќ да биде осветлен од огномети.
Реновираниот Биг Бен се огласи за Нова Година и го означи излегувањето на Британија од ЕУ.