Магазин 11. мај 2020. / 13:14

(ВИДЕО) Отворен шангајскиот Дизниленд по четири месеци пауза

(ВИДЕО) Отворен шангајскиот Дизниленд по четири месеци пауза

Забавниот парк Дизниленд во Шангај повторно е отворен денекса по повеќе од три месеци пауза заради пандемијата со корона вирус. На влезот од паркот, посетителите мораат да ги покажат однапред купените карти и потврда дека не преставуваат безбедносен ризик.

Потоа на посетителите им се мери температурата, а во Дизниленд може да влезат само со заштитни маски.

Речиси на секој чекор постојат натписи за неопходното држење дистанца, а жолти лини и налепници на земјата обележуваат каде е потребно да се чека ред.

Компанијата Дизни најави зачестена дезинфекција на објектите, а ќе биде ограничена и интеракцијата на посетителите и популарните ликови како Мики Маус, пишува Дејсли меил.

Картите и покрај стравот од заразата се распродаваат набрзо откако ќе бидат пуштиени за продажба, пренесуваат кинески медиуми.