Магазин 12. февруари 2020. / 20:27

(ВИДЕО) Откриен астероид со должина од еден километар што ќе и се приближи на Земјата

(ВИДЕО) Откриен астероид со должина од еден километар што ќе и се приближи на Земјата

Aстероид долг околу еден километар ќе и се приближи на нашата планета на 15 февруари, а се смета дека вселенската карпа со оваа големина може да убие милиони во подрачјето на ударот и да предизвика катастрофа на глобално ниво.

Националната управа за воздухопловство и вселена со следи Астероидот 2002 PZ39, кој ита кон Земјата со брзина поголема од 57.240 километри на час и смета дека е потенцијално катастрофален, пренесува „Дејли експрес“ повикувајќи се на Агенцијата НАСА.

Астероидот за кој се проценува дека е широк меѓу 440 и 990 метри би требало на 15 февруари околу 11.05 часот по средноевропско време да има блиска средба со нашата планета.