Магазин 03. февруари 2019. / 22:47

(ВИДЕО) Од тракторот фрлија се што можат – еве како се загадува Вардар

(ВИДЕО) Од тракторот фрлија се што можат – еве како се загадува Вардар

Неодговорни жители на селото Стримница, тетовско, фрлаат ѓубре од трактор во реката Вардар.

– Село Стримница река Вардар. Неодговорни луѓе фрлаат сѐ што можат од тракторот во реката. Ова е трагично, итно е потребна жестока реакција од полицијата. Заплена на тракторот и големи финансиски парични казни. Без строги санкции, нема да имаме чиста околина. – реагираат од граѓанското здружение Еко герила од Тетово.