Магазин 21. февруари 2021. / 21:00

(ВИДЕО) Новак: Дајте ми ракија

(ВИДЕО) Новак: Дајте ми ракија

Неколку интересни сцени беа во импровизираното студио, каде што гостуваше Новак Ѓоковиќ  како шампион на Австралија опен.

Сепак, најинтересно беше на крајот кога го прашаа какви му  се неговите планови за прославата вечерва.

„Ќе  биде само домашна забава со мојите…“, потоа застана Новак затоа што навивачите извикуваа „ракија, ракија“ зад грб.

„Се плашам ако тие бидат  поканети, нема да ме најдете утре“, рече тој, а потоа им се обрати на навивачите зад него:

„Немам ракија, може некој да ми даде?

Потоа им објасни на своите домаќини што е српска ракија.

„Ракијата е традиционален пијалок, како„ шнапс “, ако сте го пробале. Јас немам тука,  имам вино, но можеби ќе најдам ракија, ако  има некој тука,, рече Ѓоковиќ.