Магазин 24. март 2020. / 11:45

(ВИДЕО) Нора Џонс ја претстави новата песна

(ВИДЕО) Нора Џонс ја претстави новата песна

Познатата кантавторка Нора Џонс ја објави својата нова песна „Im Alive, co којашто и го најавува новиот студиски албум „Pick Me Up Off The Floor“.

Според нејзините кажувања, синглот настанал во време кога таа се чувствувала доста инспирирана…

– Не знам која е точната причина, но претходнава година се чувствував покреативна од кога било – вели Нора.

Песната е снимена во Чикаго. Со себе носи и силна порака.

На музичарката во создавањето на синглот и на видеоспотот, ѝ се придружи и Џеф Твиди, член на американскиот состав „Вилко“.

Новатта плоча би требало да биде објавена на 8 мај. Се работи за нејзин седми студиски албум, по „Begin Again“ од лани.